Spotify деновиве пристига во Македонија?

99

Еден од најпопуларните музички стриминг сервиси Spotify, би можел да пристигне во земјите од регионот веќе за неколку дена, пишува Seebiz.

Порталот се повикува на Адријан Јашари, тим лидер на албанскиот проект Europe House, кој на неговиот Тwitter профил објавил дека Spotify веќе на 15 јули ќе заживее во Хрватска, Србија, Словенија, Косово, Северна Македонија, Албанија и Црна Гора.

Со оглед дека Јашари вели дека Spotify ова му го потврдил на нивниот дистрибутивен партнер, од каде што ја добил информацијата, би требало да се остави и малку резерва, пишува порталот. Сепак, како што најавил тој во неговиот твит, наредните денови би требало да биде објавено службено соопштение.

Фото: Pixabay