Во процесот на вработување, менаџерите за човечки ресурси бараат одреден сет на лични карактеристики кои треба да ги поседуваат кандидатите кои аплицирале за конкретната работа. Менаџерите може да најдат кандидати кои поседуваат технички вештини или капацитет да ги стекнат, но знаат дека особини како искреност, чесност, лојалност не се учат.
Милијардерот Ворен Бафет понуди корисен совет за квалитетите што треба да ги бара работодавецот од кандидатот за работа. Извршниот директор на Berkshire Hathaway посочува три особини, но сепак издвојува една.
“Барајте три работи кај една личност – интелигенција, енергија и интегритет. Но, ако тие немаат интегритет, не се мачете со првите два“, рече Бафет.
Ова е причината зошто интегритетот е толку важен за луѓето што ги вработувате, особено за вашите идни лидери.
Нема да ве лаже
Едно истражување открива дека 78% од кандидатите за работа признале во интервју дека лажеле или лажат за нивните препораки и способности.
Со скоро 8 од 10 лица кои лажат на интервјуа, шансите вашата работна сила да биде составена целосно од луѓе со енергија, интелигенција и интегритет не се големи. Ова е веројатно причината зошто Ворен Бафет секогаш нагласува поседување интегритет.
Тие го одржуваат својот збор