Малите компании на Косово во опасност од затворање

91

Арменд Гаши од Призрен од 1995 година води семеен бизнис којшто се занимава со производство на градежни материјали, бои, лепила и слично. Но, сега неговата работа е загрозена поради пандемијата предизвикана од коронавирусот.

Тој, како што пишува Радио Слободна Европа (РСЕ), вработува 20 работници и досега од властите на Косово добил помош само во форма на субвенции за исплата на една плата на работниците во висина од 170 евра по вработен.

“Не чекаме милост од Владата, но многу би ни значело да ни помогне да ја надминеме пандемијата. Овие последни мерки посебно ја намалија продажбата, нагло се намали работата“, вели Гаши за РСЕ.

Саша Секулиќ од Грачаница се занимава со производство на локум и желе бонбони. Аплицирал за помош којашто Владата на Косово ја предвиде за мали компании на Косово, но не добил никаков одговор. До почетокот на пандемијата имал шест вработени, од нив двајца отишле на принуден одмор, а четворица работа седум дена во месецот, бидејќи побарувачката е намалена.

“Го одржуваме производство, но како стојат работите мислам дека, не само јас, ќе бидеме принудени целосно или на одредено време да престанеме со работа. Мислам дека ќе бидеме во толку тешка ситуација што ќе биде борба за преживување“, вели Секулиќ.

На крајот на март, Владата на поранешниот премиер Албин Курти, усвои итен пакет фискални мерки во вредност од околу 180 милиони евра со цел поддршка на економијата за време на пандемијата. Пакетот предвидува и помош за малите компании во форма на субвенции за исплата на плата на вработените, покривање на трошоците за наемнина до 50% од вредноста и исплата на придонеси за пензија, сите овие мерки за период од два месеца. Исплатата на плати е извршена само за април а финансиска помош за наемнини воопшто не е исплатена. Понатамошната исплата ќе зависи од усвојување на ребалансот на буџетот.

Во Даночната управа на Косово се јавиле 200.000 работници од различни компании за компензација на плата, а за помош за исплата на наемнини се пријавени над 15.000 компании.

Според економистот Сафет Грџали, од пандемијата најмногу се погодени малите и средни компании во приватниот сектор.

Фото: Freepik