Кои земји од регионот имаат раст на БДП?

Првиот квартал од оваа година за некои од земјите од регионот заврши со раст, а за други со пад на вредноста на бруто домашниот производ (БДП). Според извештајот на Европската комисија (ЕК), Србија има раст на БДП од 5%, Турција од 4,5%, Црна Гора од 2,7%, Босна и Херцеговина од 2%.

Растот на БДП на Македонија, според ЕУ, во првиот квартал беше 0,2%, додека Албанија има пад на вредноста на БДП за 2,5%.

Според ЕК, растот на БДП на земјите од регионот се должи на зголемените бруто инвестиции, државна и лична потрошувачка и состојбата на залихите. Растот на државната потрошувачка има раст од 12% на годишно ниво, додека бруто инвестициите во основен капитал пораснаа за 10,7%. Кога се работи за личната потрошувачка, таа бележи раст од 3,2% на годишно ниво.

Фото: Freepik