Куба го укинува данокот на официјалниот курс на доларот од 10% за да може да ги ублажи негативните последици што пандемијата ги остави врз нејзината економија.
“Мерката ќе им користи на сите Кубанци и во земјата и во светот“, најави кубанскиот министер за економија, Алехандро Гил.
Овој данок е воведен во 2004 година, а причина за неговото воведување е создавање на паралелен “црн“ пазар на американската валута.
Властите во Хавана планираат да го укинат за да привлечат повеќе девизи во земјата. Тоа е така бидејќи Куба се соочува со намален број на туристи од светот.
Од следната недела, во 72 од 4.800 продавници што се под контрола на државата, ќе прифатат плаќање во долари за храна и средства за хигиена и тоа само со картички за безготовинско плаќање што имаат доларски сметки.
Целта на властите, како што се наведува, не е замена на локалната валута за доларот, бидејќи плаќањата и понатаму ќе се вршат во кубански песози.
Фото: Freepik











