Како да го процените шефот пред да ја прифатите работата

160

Добивањето можност за интервју за работа е вистинска уметност денес. Кога конечно ќе добиете интервју за работа, се надевате дека компанијата и работодавачот за кои би можеле да работите не се лоши.

Како да препознаете лош работодавач?

Во тие половина час или час, сè додека трае интервјуто за работа, тешко е да се препознае дали потенцијалниот работодавец е добар или лош, но овие  совети може да ви помогнат како да идентификувате лош работодавец.

Репутација на компанијата

Интернетот е денес на сите достапен, па многу информации зa потенцијалниот работодавач може да ги најдете таму, а најдобар извор на информации се социјаните мрежи и разни форуми. Ако на интернет нема многу информации, тогаш распрашајте ги пријателите, можеби они знаат нешто или некој кој таму работи. За време на разговорот може да ја прашате личноста која ве интервјуира да ви даде неколку информации за компанијата, па така ќе видите како личноста зборува за компанијата. Ако слушнeте фрази како  долго работно време, платата не е голема или доцни и слично, знајте дека таа компанија не е најдобра за работа.

Однесување на шефот

Еден од најдобрите начини да процените компанија е однесувањето на лицето што седи спроти вас на интервјуто – шефот. Ако таа личност е фокусирана само на себе, тогаш се занимавате со егоистички шеф. При интервју за работа, фокусот мора да биде на вас, така што работодавачот може да процени дали сте вистински кандидат за компанијата. Заменките што ги користи шефот се исто така важни. Ако тој зборува за успехот или некои достигнувања на компанијата со акцент на “Јас“, веројатно нема да бидат признаени вашите заслуги. Ако тој зборува за успесите како достигнувања на сите вработени, тогаш имате добар работодавец пред вас.

Односи во компанијата

Интерперсоналните односи во компанијата се исклучително важни. Ретко кој е спремен да работи во напната работна околина. Кога ќе дојдете на интервју за работа, обрнете внимание на односите меѓу вработените – дали се напнати,  дали разговараат со смирен тон итн. Ваквите меѓучовечки односи ќе ви покажат дали компанијата е добро место за работа. Можете исто така да го процените раководителот на компанијата врз основа на тоа како тој ги третира вработените – дали ги поздравува во ходникот, каков е неговиот тон на разговор со нив и слично.

Описот на работата и целите се нејасни

Секоја работа има свој опис и често се случува описот на работното место да бара повеќе обврски отколку што првично беше договорено. Но, понекогаш се случува работодавачот да не знае како точно да ви каже какви биле вашите обврски или се наоѓате во ситуација кога две лица ви даваат два различни одговори за вашите деловни обврски и целите што треба да ги постигнете со вашата работа. Ова може да доведе до ситуации кога не сте знаеле што да правите затоа што вашите задачи не се дефинирани или ќе испаднете дека сте некомпетентни затоа што не сте оствариле цели (што и онака не ви кажале). Побарајте од вашиот работодавец да ги дефинира вашите обврски и цели што треба да ги постигнете со вашата работа колку што е можно повеќе детали, но исто така прашајте за можности за напредување.

Фото: Freepik