Компании што “немилосрдно“ трошат на рекламирање

82

Многу светски компании се повеќе од свесни дека причина за нивниот раст “лежи“ во рекламирањето и следење на моќна маркетинг стратегија.

Најголемата онлајн продавница, на најбогатиот човек на планетата, Amazon, минатата година на рекламирање потроши 6,88 милијарди долари. Овој износ одвоен за рекламирање ја прави компанијата на Џеф Безос прва кога се работи за трошоци за рекламирање.

На второ место се најде американскиот телекомуникациски конгломерат, Comcast со потрошени над шест милијарди долари за рекламирање. Со потрошени 5,4 милијарди долари на рекламирање, трета во светот се најде AT&T, уште една американска компанија од телекомуникацискиот сектор.

Procter & Gamble лани на рекламирање потроши 4,2 милијарди долари, додека Walt Disney е на петто место со трошоци за рекламирање во висина од над три милијарди долари.

Фото: Freepik