Почетна Новости Поранешен директор на Google основа Академија што ќе биде конкурент на MIT...

Поранешен директор на Google основа Академија што ќе биде конкурент на MIT и Stanford

Поранешниот извршен директор на Google, Ерик Шмит, се здружува со поранешниот заменик министер за одбрана на САД, Роберт Ворк, заради формирање технолошки Универзитет наречен Академија за дигитални услуги на САД, што би бил конкуренција со MIT и Stanford University, пишува Business Insider.

Универзитетот ќе се фокусира на едукација на млади програмери и девелопери за да можат да работат во американската администрација. Нивната понуда ќе вклучува и курсеви за дигитални вештини како што се компјутерска безбедност и вештачка интелигенција.

Академијата за дигитални услуги би служела како трет извор (освен MIT и Stanford University) на најдобрите технолошки работници.

Шмит беше директор на Google од 2001 до 2011 година и ја напушти позицијата технички советник во компанијата во февруари. Мандатот на заменикот министер за одбрана Ворк заврши во 2017 година.

Фото: Freepik