Им било досадно и креирале страница преку која се гледа светот од туѓ прозор

Поради пандемијата со коронавирусот и карантинот којшто следеше со него, многумина беа принудени да останат дома и да го посматраат светот од сопствениот прозор.

WindowSwap е страница “родена“ од карантинска досада и желба на луѓето да им се овозможи поглед во непознатото.

Сонали Ранјит и Ваисхнав Баласубраманиам ја осмислиле WindowSwap за корисниците да можат да прикачат десетминутно видео од сопствениот прозор и така да дадат пристап на другите да го видат погледот од нивниот прозор.

Сите видеа се однапред снимени, а може да погледнете глетки од сите страни на светот, од планински пејзажи на Австрија и Швајцарија, бетонската џунгла во Њујорк до егзотичната Јапонија.

Бројот на видеа секој ден расте, а креаторите тврдат дека ниеден прозор не е досаден.

Фото: Freepik