Либерти прокнижи загуба од 60 милиони денари

87

Компанијата Либерти АД од Скопје, во првите шест месеци од оваа година, прикажа загуба од 60.0989.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Во првото полугодие од 2019 година, компанијата прикажа загуба од 235.350.000 денари.

Вкупните приходи од продажба, заклучно 30-ти јуни оваа година, достигнаа ниво од 2.964.098.000 денари, од коишто на домашен пазар се реализирани 528.044.000 денари, додека поголемиот дел од 2.436.054.000 денари е остварен на пазари во странство.

“Реализираните приходи од продажба во вториот квартал во споредба со истиот период лани бележат намалување и кај приходите од продажба од извоз и на домашен пазар. И покрај тешката конкуренција и неповолната пазарна цена на глобално ниво на челикот, којашто придонесе за пад на приходите иако продажбите секако имаше влијание и на глобалната пандемија од Ковид-19 којашто ги затвори границите и движењето беше многу отежнато, многу нарачки се откажани или одложени посебно на почетокот на вториот квартал“, стои во Образложението за постигнатите резултати.

АрцелорМиттал Скопје (ЦРМ) АД Скопје заедно со уште пет капацитети во Европа од Групацијата АрцелорМиттал е продаден на новиот сопственик Либерти Јаус Груп во март оваа година.

Фото: Freepik