Германската економија третото тримесечје во услови на пандемијата на коронавирусот најверојатно ќе заврши со пад без преседан, наведува тамошната централна банка – Bundesbank.
Второто тримесечје од оваа година, според централнобанкарските власти во една од најмоќните економии во Европа, најверојатно ќе биде заокружено со “најголем пад на реалниот бруто домашен производ (БДП) од 1970-та година, кога германската канцеларија за статистички податоци почна да објавува тримесечни податоци за БДП“, наведува Bundesbank.
Економистите, во очекување на прелиминарните податоци за БДП во второто тримесечје, проектираат двоцифрен пад на економијата. Во првото тримесечје, германската економија имаше пад од 2,2% во споредба со последното тримесечје од 2019 година.
Германската економија почна да закрепнува на средината на мај, кога почнаа да се олабавуваат рестриктивните мерки за спречување на ширење на пандемијата.
Фото: Freepik











