Microsoft преговора за купување на TikTok

144

Microsoft започна преговори за купување на TikTok , апликација која е во сопственост на кинеска компанија и чии услуги ги користат над 800 милиони корисници.

Овој потег би бил голем удар за компанијата во Пекинг, која постигна успех благодарение на апликацијата TikTok , станувајќи еден од најголемите кинески конгломерати.

Информациите што ги имаат New York Times и Fox Business велат дека се водат преговори, но Секретаријатот за финансии на САД одби да ги коментира можните наводи.
Секретарот за финансии Стив Мнухин изјави дека апликацијата е под истрага од страна на американскиот комитет за надворешни инвестиции и дека ќе му даде препораки на претседателот Трамп за можно купување во текот на неделата.

Минатата недела, Сенатот на Комисијата за внатрешна безбедност и владини прашања расправаше за забраната за употреба на оваа апликација. Претставничкиот дом на Конгресот веќе гласаше за оваа мерка.

Апликацијата Тik Tok се проценува на 50 милијарди американски долари.

Фото: Freepik