Осигурување Македонија со добивка од 55 милиони денари за шест месеци

50

Осигурување Македонија АД Виена Иншуренс Груп во периодот јануари – јуни оваа година оствари позитивен финансиски резултат во износ од 55 милиони денари, којшто спореден со 2019 година е за 3,7% понизок, стои во Коментарот на остварениот финансиски резултат.

Вкупната полисирана премија во износ од 521,9 милиони денари во однос на 2019 година, како што се наведува, е намалена за 5%. Истата е коригирана со преносна премија од 2019 година како приходна ставка и со преносна премија за 2019 година како расходна ставка.

Вкупните приходи за посочениот период имаат раст од 2.1 милиони денари споредено со 2019 година, Вкупните расходи во првото полугодие од 2020 во однос на 2019 година бележат зголемување од 1% или во износ од 4,6 милиони денари. Трошоците за штети бележат намалување од 11% во однос на 2019 година.

Во периодот од 01.01 до 30.06.2020, друштвото има 91% остварување на планираниот обем на приходи по основ на премија.

Фото: Freepik