Еурибор падна на ново најниско ниво

164

Дванаесетмесечната референтна каматна стапка Еурибор (Euro Interbank Offered Rate) што се користи како референца за пресметување на каматните стапки падна на ново најниско ниво од минус 0,398% минатата недела.

Тримесечната стапка на Еурибор исто така падна на рекордно ниско ниво од минус 0,491%, пренесува Seebiz.

Рекордниот пад на одредницата Еурибор беше поттикнат од напорите на Европската централна банка (ЕЦБ) да обезбеди финансирање на банките во обид да се спротивстави на економската закана што ја предизвикува пандемијата.

Фото: Freepik