Лимак холдинг кој го гради комплексот Diamond of Skopje дел од светската градежна елита

384

Лимак холдинг кој го гради модерниот мултифункционален комплекс Diamond of Skopje во центарот на Скопје, е рангиран на 61 место на престижната листа на 250 најдобри градежни компании во светот што ја прави ЕНР (Engineering News Records). Новото рангирање за Лимак холдинг е искачување за шест места погоре од минатогодишното рангирање кога холдингот беше на 67 место на истата листа.

Новото позиционирање на оваа глобална листа во услови на пандемија предизвикана од Ковид-19, а која се одрази и на градежната индустрија, е огромен успех за Лимак, кој со своите операции е присутен во повеќе од  17 земји во светот. Во холдингот работат 60.000 вработени во градежништво, енергетика, туризам, инфраструктура и други дејности. Во портфолиото на Лимак се и светски познати мега проекти, како новиот аеродром во Истанбул Istanbul Grand Airport и мостот Дарданели (Чанак кале) 1915.

Во изградбата на мултифункционалниот комплекс Diamond of Skopje, која е во тек, Лимак инвестира 250 милиони евра. Diamond of Skopje опфаќа површина од 45.000 квадратни метри, каде ќе биде сместен голем трговски центар и станбен комплекс кој првите станари ги очекува во 2022 година. Во рамките на комплексот се гради и  хотелот Лимак Скопје Хотел со 5 ѕвезди и вкупен капацитет од 142 соби. Целиот комплекс ќе располага со затворен паркинг простор со 3.200 места.

“Искачувањето на листата на 250 најдобри градежни компании во светот е само уште една потврда на квалитетот и стандардите што Лимак ги имплементира во сите свои проекти, на глобално ниво. Особено ни е драго што и во проектот Diamond of Skopje поставуваме нови стандарди и воведуваме иновации во домувањето, хотелиерството и деловниот простор, нудејќи им на граѓаните на Скопје можност да ги искусат предностите на модерниот животен стил. Покрај тоа, во реализацијата на нашиот проект се ангажирани над 80% домашни компании и експерти во различни области, кои имаат можност во пракса да ги покажат своите знаења и вештини. Особено сме задоволни што им дадовме шанса на младите од земјава тука професионално да се реализираат“, истакна Куртхан Апајдин, главен извршен директор на Лимак Скопје.

Сместен во центарот на градот Diamond of Skopje ќе ја има и најголемата зелена површина која се простира на околу 11.000 квадратни метри, втор по големина зелен појас во Скопје, веднаш по Градскиот парк. Тоа ќе им овозможи простор за спорт и рекреација на жителите на Diamond of Skopje во урбана средина, задоволувајќи ги потребите на модерниот човек.

Лимак има активни проекти во повеќе земји во светот, како Русија, Украина, Косово, Албанија, Пакистан, Саудиска Арабија, Кувајт, Мозамбик и Брегот на слонова коска. Со над 100 проекти со вкупна вредност од над 10 милијарди долари, почнувајќи од аеродроми и пристаништа, преку брани и постројки за наводнување, експресни патишта и гасоводи, индустриски објекти и нафтоводи, објекти за одмор и комплекси за домување, Лимак е меѓу најголемите интернационални градежни компании во светски рамки.