Навики од 30 секунди за подобра кариера

390

Како да го направите најдоброто кога станува збор за вашата кариера? Одговорот во продолжение.

Одберете три главни цели за денот

Иако листата на обврски можеби ви е бесконечна, сепак, во текот на утрото најдете пола минута, да ги одберете целите за тој ден. Така ќе ги селектирате само најважните работи, а останатите ќе ги елиминирате. Доколку сте растргнати на сите страни, ќе бидете дефокусирани.

По важен состанок повторете најважните заклучоци

Додека сè уште е свежа ситуацијата, одвојте 30 секунди, по секој состанок за да седнете во мир и да си ги наброите најважните точки. Така ќе добиете практичен преглед на следните приоритети.

Подобрете ја темелноста (на необичен начин)

Ова звучи навистина необично, но по едно јапонско истражување, гледањето на фотографии од слатки и неодоливи животни ги подобрува вашите перформанси во проучување на деталите. Тоа е поради позитивните емоции што се поврзани со должината на гледањето на ваквите слики. Најчесто кога гледаме фотографии, се трудиме да ги проучиме сите детали на нив, а доволни се само 30 секунди за трикот да успее.

Фото: Freepik