Социјалната мрежа Pinterest го откажа закупот на деловниот простор, за што требаше да плати дури 90 милиони долари. Околу 45.000 квадратни метри деловен простор во Сан Франциско се наоѓа во близина на нивното седиште, а минатата година е потпишан договор за закуп.
“Додека ние анализираме како ќе се промени работниот простор во пост-ковид времето, ние сме особено насочени кон нашите идни вработени и каде ќе ги поставиме“, напиша Тине Моргенфелд, финансискиот директор на Pinterest, додавајќи дека оваа ситуација ќе им овозможи да вработуваат луѓе со поширок спектар на знаење и искуство.
Сан Франциско и Калифорнија генерално се наоѓаат во незавидна позиција бидејќи технолошките компании како Twitter и Slack Technologies ги затворија своите канцеларии во последните шест месеци, усвојувајќи “мобилен“ начин на работа, а многу вработени го напуштија градот неодамна.
Фото: Freepik