Цените на угостителските услуги повисоки во август

31

Цените на угостителските услуги во август 2020 година, во однос на истиот месец од претходната година, се зголемени за 0,3%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Цените на угостителските услуги во август, во споредба со јули, останаа на исто ниво,

Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групата Алкохолни пијалаци за 0,2%.

Кумулативно, цените на угостителските услуги за периодот јануари ‒ август 2020 година, во однос на истиот период од минатата година, се зголемени за 0,4%, додека и во однос на декември 2019 година се зголемени за 0,4%.

Фото: Freepik