Македонија втора во регионот по квалитет на услуги

133

Босна и Херцеговина е прва, а нашата земја е втора во регионот по квалитет на услуги, покажува истражување спроведено во јуни и јули оваа година.

Станува збор за 12-то по ред истражување за квалитет на услугите во регионот, што од 15-ти јуни до 15-ти јули беше спроведено со агенции за тајни купувачи од Босна и Херцеговина, Црна Гора, Македонија, Словенија и Србија.

Во овие земји тајните купувачи посетиле вкупно 800 продажни места, како што се автосалони, банки, бензински станици, помали продавници, супермаркети, продажни места на телекомуникациски компании, туристичко – угостителски објекти и објекти од услужна дејност.

Тајните купувачи го оценувале основните елементи на услугата, како што се: поздрав, утврдување на потребите и желбите на потрошувачите, познавање на производите, нудење дополнителен производ, изразување благодарност за посета. Овие елементи се дел од акронимот GUEST (во превод гостин) од Greet (поздрав), Understand (разбирање), Explain (објаснување), Suggest (предложување) и Thank (заблагодарување).

Најдобри резултати оваа година оствари Босна и Херцеговина со 86,7%, додека втора е Македонија со 82,5%, а трета е Хрватска со 75,1%. Зад нејзе се и Словенија, Србија и Црна Гора.

Фото: Freepik