Автомобилскиот бренд Porsche позајми 400 вработени од Audi за период од две години за да може да одговори на побарувачката за електричниот Taycan.
Од Audi за Business Insider потврдија дека 400 вработени преминуваат во Porsche, а дел веќе извесен период и работат на производство на каросеријата на автомобилот.
Porsche пред две години почна да ги прима првите нарачки за овој автомобил, но поради големиот интерес, двојно го зголеми производството – од 20.000 на 40.000 примероци.
Оваа година Porsche почна со испорака на Taycan во САД, а интересот за овој луксузен спортски електричен автомобил постојано расте.
Фото: Freepik