Што сè поскапе во август?

35

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот во август 2020 година, во однос на претходниот месец, изнесува 100.5, а индексот на цените на мало изнесува 100.8.

Трошоците на живот во август оваа година, во однос на претходниот месец, бележат пораст од 0,5%, додека кај цените на мало има зголемување од 0,8%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Пораст на трошоците на животот во август 2020 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај сушениот зеленчук, другиот конзервиран и преработен зеленчук за 0,7%, млекото за 0,5%, оризот за 0,4%, пивото за 0,3%, сирењето и урдата за 0,2%.

Во август, исто така, пораст на трошоците на животот, е забележан и кај електричната енергија за 7,4%, информатичката опрема за обработка на податоците за 1,6%, фармацевтските производи за 1,3%, гасот за домаќинствата, моторните возила за 1,2%, одржувањето и поправката на сопствените превозни средства за 1,1%, ткаенините за изработка на облека, услугите за рекреација и спорт за 1%, игрите, играчките и хобијата за 0,9%, терапевтските помагала и опремата за 0,8%, медиумите за снимање, канцеларискиот материјал и материјалите за цртање, накитот, часовниците и рачните часовници за 0,6%, услугите за одржување и поправки на живеалиштето, другите услуги за опрема за сопствен превоз за 0,5%, фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти, електричните апарати за лична хигиена за 0,4%, материјалите за одржување и поправки на живеалиштето, теписите и другите подни покривки, малите електрични апарати за домаќинствата, стоматолошките услуги, фризерските салони и центрите за разубавување за 0,2%.

Намалување на трошоците на животот во август 2020 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај свежото и разладеното овошје за 2,7%, свежиот и разладениот зеленчук освен компири и другите коренести производи за 0,6%, месото, јајцата за 0,4%, маслото и маснотиите за 0,2%.

Исто така, намалување на трошоците на животот е забележано и кај обувките за 1,8%, горивата и мазивата за сопствени превозни средства за 1,1%, велосипедите за 0,9%, облеката, градините, растенијата и цвеќињата за 0,6%, течните горива за домаќинствата за 0,2%.