Турските серии како голема поддршка на туризмот

105

Веројатноста дека оние кои гледаат турски серии ќе ја посетат Турција е двојно поголема од оние кои не ги следат овие филмски остварувања, соопшти Netflix.

Станува збор за податоци од истражување спроведено во осум земји: САД, Индија, Австралија, Бразил, Франција, Шведска, Аргентина и Саудиска Арабија, пренесува Daily Sabah.

Учесниците во истражувањето биле поделени во две групи: едната гледала турски серии на Netflix, а другата не. И на двете групи им било поставено прашањето дали би ја посетиле Турција по завршување на пандемијата. Во првата група (којашто гледала турски серии) на ова прашање потврдно одговориле 54% од испитаниците, додека во втората група потврдно одговориле 25% од испитаниците.

Најмногу потврдни одговори за посета на Турција, од оние кои ги следат турските серии, има од Австралија, САД, Саудиска Арабија и Индија.

Во Турција минатата година имаше 51,9 милиони туристи, што е 13,7% повеќе во однос на 2018 година, од кои 86,2% беа странски гости. Земјата од туризмот лани заработи рекордни 34,5 милијарди долари.

Фото: Facebook