На новата листа на Forbes на најбогати има 18 нови имиња

94

И покрај пандемијата на Ковид-19, на американските супербогати им оди подобро од кога било, пишува Forbes по повод 39-тата годишна ранг листа на најбогати луѓе во САД.

Вкупното богатство на 400 рангирани Американци оваа година е 3,2 билиони долари, што е зголемување за 8% во споредба со претходната година и рекордно ниво во четири деценискиот мониторинг на Forbes за богатството на американските милијардери.

Безос, основачот и шеф на Аmazon, остана во 2020 година, трета година по ред, на врвот на листата на најбогати Американци со богатство од 179 милијарди долари, пресметано врз основа на вредноста на акциите и курсот на 24 јули, што се зголеми за 57%.

Forbes, сепак, оттогаш објави на крајот на август дека нето-вредноста на Безос достигна рекордни 200 милијарди долари и дека тој е првиот во историјата чие богатство го надминало тој праг.

Дури 25 богати лица испаднаа од ранг-листата оваа година во споредба со минатата година, од кои 10 од нив не се на списокот делумно поради загубите што им ги нанесе пандемијата на коронавирусот, се вели во извештајот на официјалната веб страница на Forbes.

Во исто време, на списокот се најдоа 18 нови најбогати Американци, вклучувајќи ги: Ерик Јуан, извршен директор на Zoom, чија нето вредност е 11 милијарди долари, Џим Кох, ко-основач и претседател на Boston Beer, со богатство од 2,6 милијарди долари и најмладиот Тревор Милтон (38), основач на компанијата Nikola за производство на електрични и хибридни камиони напојувани од водород и електрична енергија.

Претседателот на САД, Доналд Трамп падна за 77 места на 352-то место, а неговата нето вредност падна на 2,5 милијарди долари од 3,1 милијарди минатата година, како резултат на падот на вредноста на неговите канцелариски згради, хотели и одморалишта поради пандемијата на Ковид-19.

Фото: Freepik