Познатиот производител на автобуси и камиони, MAN, којшто е дел од групацијата Volkswagen, ќе додели 9.500 откази во Германија и Австрија. Причина за овие отпуштања се финансиските проблеми што ги предизвика пандемијата, пренесува блогот на Nasdaq.
Според соопштението на компанијата, во следните три години компанијата ќе се обиде да оствари профит од 1,8 милијарда евра со помош на планот за намалување на трошоците.
И пред избувнување на пандемијата, MAN ги започна првите чекори за реорганизација со цел да ги намали непотребните трошоци и да ги затвори непродуктивните центри во рамки на компанијата.
Фото: Facebook