Детските играчки стануваат сè поопасни за животната средина

55

Светскиот пазар на детски играчки постојано расте, а со него и проблемите со нивно одлагање на крајот на животниот век којшто обично им е многу краток.

Вредноста на пазарот на играчки, како што пишува Екапија, минатата година надмина 90 милијарди долари, а се проценува дека 80% од играчките завршуваат на депониите. Повеќе од 40 милиони играчки во Франција секоја година се одложуваат во депонии, додека во Велика Британија скоро една третина од родителите признаваат дека фрлаат играчки што се во добра состојба, бидејќи нивните деца повеќе не сакаат да си играат со нив.

Многу производители на играчки најавуваат приближување кон еколошки начин на производство, што подразбира редизајнирање на играчки, но и промовирање на модели за споделување и повторна употреба. За огромна количина на играчки, овие модели се најдобриот начин да не завршат на отпад.

Познатиот дански бренд, Lego започна пилот иницијатива во Америка што ги охрабрува сопствениците да донираат искористени коцки во установи за деца. Според податоците на оваа компанија, 97% од сопствениците на нивните коцки веќе ги споделуваат, а многу и се пренесуваат од генерација на генерација на пријатели или семејство, но компанијата планира овој процент да го зголемува.

Американски Toy Cycle им овозможува на корисниците да ги продадат играчките што веќе не ги користат. Компанија од Франција собира, чисти, поправа и препродава користени играчки уште од 2012 година, со што најмалку 300 тони играчки се спасени.

Фото: Freepik