PSA го поттикнува производството на Toyota поради спојувањето со FCA

72

PSA сака да го зголеми производствениот капацитет за Toyota со цел да ја оттргне недовербата од Европската унија околу планираното спојување со FCA.

Францускиот производител PSA во моментов ги произведува Toyota ProAcePeugeot Expert и Citroen Jumpy комерцијалните возила во својата фабрика во северна Франција и е посветен кон тоа да го зголеми производството во погонот. Извор близок до случувањата пренесува дека компанијата ќе ги продава овие возила речиси до цената на производство.

Auto News пренесува дека PSA ја испратила својата понуда до Европската комисија во петокот. Ова доаѓа три месеци откако ЕУ отвори истрага околу спојувањето меѓу PSA и FCA поради грижите дека тоа би можело сериозно да и наштети на конкуренцијата во пазарот на мали комбиња во 14 земји во Европската унија и Велика Британија.

“Засега, трансакцијата обезбеди дозвола за спојување кај 14 судски власти. Како што е истакнато и претходно, затворањето на трансакцијата за спојувањето се очекува да се случи во првиот квартал од 2021 година“, изјавија од PSA и FCA во заедничко соопштение.

Европската комисија ја сопре својата истрага за договорот во јули притоа чекајќи ги компаниите да ги придонесат потребните детали. Не е поставен никаков рок за тоа спојувањето меѓу двете компании ќе биде одобрено или не.

“Крајниот рок е суспендиран. Оваа процедура во истрагата за спојувањето е активирана доколку некоја од страните не успее да придонесе, навремено, важна информација која Комисијата ја побарала од нив“, изјавија од ЕК.

Овие вести доаѓаат само неколку дена откако PSA групацијата откри дека почна да купува акции назад од кинескиот партнер Dongfeng. Според француската групација, неодамна откупиле назад 10 милиони акции за 163.85 милиони евра, отприлика 1,1 процент од капиталот на производителот.

Преземено од Avtoplus.mk