Трговијата на мало во август бележи намалување во однос на истиот период лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Гледано по групи и класи, намалување на прометот е забележано во групите: Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун (номинално за 7,2%, а реално за 9,6%), Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво (номинално за 14,8%, а реално за 14,8%) и Трговија на мало, освен трговија со горива (номинално за 11,1%, а реално за 12,2%) и Трговија на мало со автомобилски горива (номинално за 37,9%, а реално за 29,7%).
Фото: Pexels