Инвестициска прилика на деценијата – пазар што може да вреди 12 билиони долари

147

Инвеститорите секогаш тежнеат за уникатни можности што ќе ги претворат нивните мали инвестиии во голема среќа. Сите сме слушнале приказни за поединци кои купувале евтини акции на непозната технолошка компанија, која потоа прераснува во гигант. Но, можеби таквата можност само што се појавува, пишува порталот Motley Fool.

Извештајот на инвестиционата банка Goldman Sachs покажува дека голем потенцијал на раст гледаат во еколошки прифатливи технологии или т.н. зелен водород.

Тоа би можело да стане пазар вреден околу 12 билиони долари до 2050 година. Со оглед на големите изгледи за раст, инвеститорите треба внимателно да го следат развојот на настаните, бидејќи таквата можност не би било паметно да се испушти, предупредува Goldman Sachs.

Tие ставаат голем акцент на технологијата наречена зелен водород. Оваа технологија на водата додава електролити и користи енергија што се добива исклучиво на еколошки начин. Тие исто така истакнуваат дека процесот го одделува атомот на водород од два атоми на кислород и дека водородот е идеална замена за горивата без емисија.

Кога плановите и потенцијалот за развој во САД и Азија ќе се приклучат на европската иницијатива, пазарот на зелениот водород добива вредност. Конечната вредност на целиот пазар се проценува на дури 12 билиони долари до 2050 година, се наведува во извештајот.

Затоа аналитичарите на Goldman Sachs го опишуваат зелениот водород како единствена можност за инвестирање. Меѓу водечките компании во развојот е американската компанија NextEra. Главниот финансиски директор Ребека Кујава е убедена дека нивната технологија ќе биде клучна за иднината без емисии.

“Особено сме воодушевени од долгорочниот потенцијал на зелениот водород“, рече таа.

Фото: Pixabay