Извезува ли земјава природен мед?

38

Македонија е 63-та земја во светот по извоз на природен мед, чија вредност минатата година достигна 594.000 долари. Ова, според податоците на World’s top exports, е за 11,1% помалку во споредба со 2018 година.

На глобално ниво, извозот на мед во 2019-та година достигна скоро две милијарди долари, што е за 12,5% помалку во однос на една година претходно. Меѓу земјите во светот, европските имаат најголем процент од извозот или 42,1% со приходи од 838,6 милиони долари, по што следуваат земјите од азискиот континент со 24,4%.

Поединечно, Кина е најголем извозник на природен мед во светот со удел од 11,8% и заработка од 235,3 милиони долари. Меѓу најголемите извозници на мед лани беа и: Нов Зеланд (228,8 милиони долари), Аргентина (146,7 милиони долари), Германија (131,5 милиони долари) и Украина (113,3 милиони долари).

Од земјите во регионот, Бугарија е во најдобра позиција (16-та) со извоз од 41,4 милион долари. Потоа следуваат: Грција (14,7 милиони долари), Србија (10 милиони долари), Словенија (2,2 милиони долари), Хрватска (1,9 милиони долари), Босна и Херцеговина (206.000 долари) и Албанија (12.000 долари).

Фото: Pixabay