Како што автомобилската индустрија продолжува да се соочува со ефектите од пандемијата, Porsche се наоѓа меѓу ретките производители кои стојат добро.
Пред неколку месеци германскиот бренд Porsche најави дека продале повеќе 911 модели во првата половина од 2020 година, отколку што имале во првите шест месеци од 2019. Во истиот тој период, Porsche забележал профит од 1,2 милијарди евра и приход од продажба од 12,42 милијарди евра, или 7,3% помалку. Тоа воопшто не е лошо, ако се земат предвид сите околности.
“Добивме засилување од атрактивните нови производи – од 911 Turbo, па сè до Taycan електричниот спортски автомобил, којшто неодамна беше прогласен за најиновативен автомобил на светот“, изјави претседателот на Porsche, Оливер Блуме пред извесен период.
Кога станува збор за Taycan, мора да се напомене дека тој стана најдобро продаваниот автомобил во Европа за август, победувајќи ја Panamera и надминувајќи ги најновите 911, па дури и Cayenne. Изминатиот месец биле продадени 1.183 единици на Taycan во Европа, споредбено со 1.097 единици на 911 и 771 од Cayenne.
Технички, ако се погледне графата во прилог, може да се забележи дека името на Cayenne сè уште е број 1 кога станува збор за продажба, но само кога ќе се искомбинираат продажбите на “обичниот“ Cayenne заедно со Cayenne Coupe варијантата.
Продажбата на Panamera во меѓувреме е опадната за 71%, со тоа што купе моделот со четири врати не поминува баш најдобро ниту во САД.
Преземено од Avtoplus.mk