Велика Британија сака да биде лидер во производство на евтина и чиста струја

62

Велика Британија сака да биде лидер во производство на електрична енергија од обновливи извори со активно вложување во “зелени“ проекти откако ќе заврши пандемијата, најави британскиот премиер, Борис Џонсон.

“Британската влада одлучи земјата да ја претвори во лидер за евтина и чиста енергија што е поисплатлива од јаглен и гас. Уверени сме дека за 10 години секој дом во нашата земја ќе се напојува со енергија од морски ветерници“, рекол Џонсон.

Планот, според неговите зборови, е вкупниот инсталиран капацитет на морските ветерници во Велика Британија да достигнат до 40 гигавати до 2030 година.

“Како неисцрпен извор на енергија, ветрот би можел да биде подеднакво вреден за Велика Британија како нафтата за Саудиска Арабија“, рекол британскиот премиер.

Јавните и приватни инвестиции во различни енергетски проекти, според Џонсон, се можност за отворање на околу 60.000 работни места, а преминот на “зелена“ економија потенцијално би овозможил работа за милиони Британци.

Фото: Pixabay