Извозот се намали за 17,8%, а увозот за 15,1%

51

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари ‒ август оваа година, изнесува 3.469.893.000 евра и бележи пад од 17,8% во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 4.666.167.000 евра, што е за 15,1% помалку во споредба со истиот период од претходната година, покажуваат податоците на Државниот завод за статиситка.

Трговскиот дефицит, во периодот јануари ‒ август оваа година, изнесува 1.196.274.000 евра. Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари ‒ август оваа година, изнесува 74,4%.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот е најголемо учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта и моторните возила за превоз на 10 или повеќе лица, вклучувајќи го и возачот, со мотор со внатрешно согорување со палење со помош на компресија (дизел или полудизел).

Во увозот се најмногу застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), плоснатоваланите производи од железо или нелегиран челик, неплатинирани или необложени и другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав.

Во периодот јануари ‒ август оваа година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Република Северна Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Србија, Грција и Кина.

Фото: Freepik