Дополнителната работа е одличен избор за сите оние кои се на почеток на својата кариера, но исто така се добра идеја за оние кои не се задоволни со своите месечни примања и сакаат дополнителна заработка да го пополнат својот месечен буџет. Poslovne.com пренесува пет идеи за дополнителен приход.
Менаџер за социјални медиуми
Покрај познавање на социјалните мрежи, за работа како менаџер за социјални медиуми неопходно е и познавање на програми за обработка на фотографии. Преку соодветни курсеви, коишто денес ги има во онлајн верзии, неопходните вештини за оваа позиција може лесно да се совладаат. Главната задача на менаџерот е да комуницира со корисниците во име на брендот што го застапува.
Графички дизајнер
Талент за цртање, работа во фотошоп и други програми за обработка на слика и уредување на текст, како и познавање на уметнички елементи е потребното знаење за работата на графички дизајнер.
Веб дизајнер
Виртуелен асистент
За работа како виртуелен асистент, потребно е да имате солидни организациски и комуникациски вештини. Тоа е професија каде можат да се нудат бројни услуги на клиенти ширум светот, како што се водење администрација, водење социјални мрежи, маркетинг и слично.
Менаџер за продажба
Менаџерот за продажба е една од најбараните и најдобри работни места со скратено работно време. Ако маркетингот е ваша страст, а имате и познавање на финансии, оваа позиција може да биде одличен избор на работа со скратено работно време.
Фото: Pixabay