Властите во Данска ќе одвојат 1,3 милијарди евра за нови климатски проекти со цел да ги забрзаат мерките за намалување на емисијата на штетни гасови.
Данците тврдат дека можат да го остварат амбициозниот план за намалување на емисиите на штетни гасови за 10 години за 70%, но проблемот е во тоа што фокусот е ставен на технологии што ќе бидат комерцијално исплатливи дури за неколку години.
“Данска мора да му биде пример на светот, но никој нема да не следи ако нашиот пат е скап, неизводлив или општествено неоправдан“, изјави премиерката Мете Фредериксен.
Нејзината влада во август предложи до 2025 година во нови технологија да бидат инвестирани 1,3 милијарди евра од фондовите на ЕУ за закрепнување и државни пари резервирани за помош во коронакризата.
Фото: Pixabay