Земја што прва во светот одобри генетски модифицирана пченица за храна

85

Аргентина официјално стана прва земја во светот што одобри генетски модифицирана пченица што е отпорна на суша.

Семето не може да се продава во Аргентина сè додека Бразил не го одобри увозот, којшто е најголем купувач на аргентинската пченица. Ниту една земја во светот досега не одобрила генетски модифицирана пченица, па дозволата нема да биде значаен поттик за аргентинските земјоделци да почнат да сеат ваков вид на пченица.

Здруженијата за заштита на околината предупредуваат дека уште не се знае доволно за генетски модифицираните култури за да може на луѓето да им се одобри нејзина употреба.

Фото: Freepik