Еспресо произведено во БиХ се пие во Италија

146

И покрај пандемијата, Босна и Херцеговина за осум месеци од оваа година успеа да извезе кафе во вредност од околу 4,5 милиони евра, што е за скоро 1,5 милиони евра повеќе во однос на истиот период лани.

Овој производ од БиХ сè повеќе се цени во странство, а тоа го потврдува и податокот дека еспресото од градот Дервента се пие во Италија, пишува Glas Srpske.

“Би извезувале и повеќе, но не се исплаќа, бидејќи БиХ не направи добар закон. Кога увезуваме суровина, уплаќаме акциза, а кога извезуваме кафе, нема да ни ги вратат парите уплатени за тоа“, вели Душко Релиќ, сопственик на компанија што извезува еспресо во Србија и Италија.

Според податоците на Надворешнотрговската комора на БиХ, од јануари до крајот на август оваа година, земјата извезла 1,07 милиони килограми кафе, додека во истиот период лани на странски пазари се пласирани 764.526 килограми од тој производ.

Од друга страна, увозот на кафе во БиХ е намален, па за осум месеци се увезени 14,4 милиони килограми кафе во вредност од 27,5 милиони евра, додека истиот период лани увозот достигна 30 милиони евра.

Фото: Freepik