Viber со нова опција за оние кои не ги памтат своите обврски

68

Популарната апликација за бесплатна комуникација, Viber воведе нова опција во рамките на опцијата My Notes (Мои белешки), која им овозможува на корисниците да креираат потсетници за нивните обврски и други важни настани.

Опцијата се активира со долго притискање на која било белешка во полето Мои белешки и избирање на опцијата Креирај потсетник.

Следниот чекор е да ги изберете времето и датумот на потсетникот, како и дали потсетникот ќе се повторува. Кога сè е поставено, потсетникот ќе се појави на мобилниот телефон во зададеното време.

Корисниците, со новата опција, ќе имаат преглед на сите свои пораки и потсетници во рамките на истата апликација.

Фото: Freepik