Третата бескаматна кредитна линија за микро и мали претпријатија е 31 милиони евра

116

Вкупниот финансиски износ на третата бескаматна кредитна линија со грант компонента наменета за микро и мали претпријатија погодени од Ковид-19 (Ковид 3) е 31 милиони евра, од кои 60.000.000 денари односно еден милион евра се буџетски средства од програмата П1 на Министерството за економија, додека 30 милиони евра се од Европската Унија.

Ова е резултат на одлуката на Владата на Република Северна Македонија од вчерашната седница, на која Владата го задолжи Министерството за финансии да потпише договор за администрирање на средствата со Развојна банка на Северна Македонија.

Владата го задолжи Министерството за финансии, во соработка со Секретаријатот за европски прашања, да ја известат Делегацијата на ЕУ во земјата дека мерката е усвоена од Владата на Република Северна Македонија и дека Министерството за финансии, Министерството за економија и Развојната банка на Северна Македонија преземаат активности за операционализација на мерката

Финансиските средства за бескаматна кредитна линија со грант компонента наменета за микро и мали претпријатија погодени од Ковид-19 (Ковид 3) од 30 милиони евра се повлечени од 50-те милиони евра награда за успешност заради целокупниот напредок во процесот на Европска интеграција на Северна Македонија, за кои Владата со официјален допис се обрати до Европската Комисија дека овие средства ќе се користат за опоравување на земјата од последиците предизвикани од пандемијата со Ковид-19.

Фото: Pixabay