Пет најголеми дигитални економии во светот

125

САД минатата година беа најголемата дигитална економија во светот, оставајќи ја Кина на второ место, покажуваат официјалните податоци од 47 земји.

Големината на дигиталните економии на овие земји достигна 31,8 милијарди долари во 2019 година, што е раст за 5,4% во однос на 2018-та година, пренесува CRI.

По САД и Кина, следуваат Германија, Јапонија и Велика Британија, што заедно формираат 78,1% од вкупната дигитална економија на 47-те земји во светски рамки.

Развојот на дигиталната економија е посебно важна мерка за економско закрепнување на сите земји и стана голем потенцијал на светската економија.

Фото: Pexels