Три милијарди луѓе во светот немаат услови за миење раце

20

Околу три милијарди луѓе или 40% од светското население, немаат услови за одржување на основна хигиена, односно миење на рацете, покажуваат податоците на UNICEF.

Недостапноста на основната хигиена, како што е миење раце за милиони луѓе ширум светот значи зголемен ризик од новиот коронавирус и други заразни болести, предупредува Меѓународниот фонд за деца на Обединетите нации.

Во најнеразвиените земји, раце не можат да измијат скоро три четвртини од населението. Во Субсахарска Африка 63% од луѓето кои живеат во урбаните подрачја не им се достапни најосновните хигиенски услови.

На глобално ниво, 43% од училиштата во коишто учат 818 милиони ученици немаат можност да ги измијат рацете со вода и сапун. Во најсиромашните земји 70% од учениците немаат услуги да ги измијат рацете додека се во училиште.

Фото: Freepik