Печатени куќи од Чачак – готови за 15 часа, а квадрат чини 195 евра

2132

Со револуционерниот развој на модерни технологии во 21 век градењето на станбени објекти од блокови или поставување на монтажни куќи ќе стане минато. Печатените куќи од бетон ќе станат реалност во источна Европа.

Никола Ракиќ, роден во Швајцарија, своето стекнато знаење на Факултетот за организациони науки во Србија го применил на најдобар начин и тоа во Чачак, креирајќи машина којашто може да испечати бетонски објекти за живеење на три ката за неверојатни 15 часа.

“Сега работиме на развој и унапредување на најголема CNC машина на Балканот којашто ќе функционира на принцип на 3Д печатач. Димензиите на оваа машина се огромни, високи и широки 10 метри и нема ограничување во должината. Машината ни овозможува да отпечатиме бетонски објект според дадениот дизајн“, изјави Никола Ракиќ за РИНА еден од креаторите на првата машина од ваков тип на Балканот.

Цена – 195 евра по квадрат

Првите пилот-куќи во Србија ќе бидат изградени на почетокот на третиот квартал од 2021 година во Чачак.

“Имаме поддршка од градот Чачак, со којшто во септември годинава потпишавме договор за изградба на првите станбени згради за социјално загрозените граѓани. Цената на изградбата на такви типови ќе чини 195 евра за метар квадратен“, додава Ракиќ.

Никола, кој дојде во Чачак поради неговата сопруга, престојуваше во овој српски град, а своите иновативни деловни идеи ги реализира во просториите на Паркот за наука и технологија, каде што ги користи просториите за канцелариски и сали, пренесува Б92.

Фото: Pixabay