Групација Триглав планира добивка пред оданочување од 85 до 95 милиони евра за 2021 година

44

Групацијата Триглав, врз основа на избраното веројатно сценарио за деловното опкружување во 2021-ва година, планира зголемен обем на консолидирана бруто полисирана премија помеѓу 1,2 и 1,3 милијарди евра и добивка пред оданочување од 85 до 95 милиони евра.

Комбинираниот количник на Групацијата е планиран под 95%, што е во долниот (поволен) дел на просечната целна стратешка вредност, којашто изнесува околу 95%. Предвиденото работење ќе се спроведува во тешки и конкурентни услови на пазарот и под влијание на епидемиолошките услови на глобално ниво, чии што размери сеуште се неизвесни, а на финансиските пазари во услови на ниски/негативни каматни стапки. Во развојните активности, Триглав ќе биде ориентиран кон остварување на својата визија, преку фокус на клиентот динамично да ги развива новите начини на деловно работење, коишто се темел на одговорен долгорочен развој на Групацијата и истовремено да работи профитабилно и безбедно.

Групацијата Триглав останува стратешки насочена кон постигнување на долгорочна, стабилна економска профитабилност и зголемување на вредноста на Групацијата, истовремено извршувајќи ја својата мисија да гради безбедна иднина за сите заинтересирани страни. Во рамки на Групацијата, активностите остануваат насочени кон развој на вработените и организациската култура во кооперативна и агилна. Со фокус кон клиентите и нивните потреби, Групацијата и натаму ќе ги спроведува развојните активности за постигнување на висококвалитетни услуги, технолошки напредни продажни процеси и поефикасна продажна мрежа, во согласност со пристапот на повеќеканална комуникација со клиентот.

Групацијата планира зголемен обем на премија, којшто, заедно со другите фактори, ќе влијае и на работењето во сегментот на штети. Кај масовните штетни настани се очекуваат слични трендови како и во изминатите години, поради што внимателно ја одржува избраната реосигурителна заштита. И во 2021-ва година акцентот ќе биде ставен на ефективноста на трошоците. Групацијата ќе продолжи со рационализација на трошоците, што не се директно поврзани со стекнување на осигурување, а притоа очекува раст на трошоците поврзани со инвестиции во информатичката технологија и активности поврзани со натамошна дигитална трансформација на Групацијата. Врз основа на тие темели и со дисциплинирано преземање на осигурителните ризици, Триглав планира да ја одржи профитабилноста на осигурителниот дел од работењето на сите пазари.

Инвестициските политики на Групацијата Триглав остануваат непроменети, а нивната цел е да постигнат висок кредитен рејтинг на целото портфолио на инвестиции. Во областа на управување со средства, ќе ја следат стратешката насока на зголемување на обемот на средства со продажба на постоечките производи за штедење и осигурување и со јакнење на средствата на инвестициските фондови со кои управува компанијата ќерка Триглав Склади. И во 2021-ва година цел е зачувување на високите оценки на кредитен рејтинг, доделени од страна на од  S&P Global Ratings и A.M.Best.

“Работиме во тешки времиња, не само за нас туку и за сите наши соработници. Размерите на епидемиолошките услови на глобално ниво и од макроекономски аспект се неизвесни, финансиските пазари се нестабилни и во опкружување на ниски/негативни каматни стапки, а на пазарите владеат остри конкурентни услови. Проценуваме дека Групацијата е финансиски стабилна, доверливо управува со ризици, работи со добивка и постепено и успешно дигитално се трансформира. Што се однесува на деловниот резултат, за следната година, според предвиденото веројатно сценарио и предвидените услови планираме дека ќе изнесува од 85 до 95 милиони евра. Понатаму, тој истакна: Во ова опкружување остануваме фокусирани на насоките од нашата стратегија, која доследно ја спроведуваме. Во оваа прилика сакам да му се заблагодарам на нашиот тим, кој брои повеќе од пет илјади вработени, за досегашната работа и вложениот труд“, изјави Андреј Слапар, претседател на Управата на Заваровалница Триглав.