Не можат да си го замислат животот без овие апликации

66

Најразлични апликации ги преполнуваат мобилните телефони, а корисниците од нив не се одвојуваат и по неколку часови во текот на денот.

Според направената анализа, што ја пренесува Statista, во последниот квартал од оваа година, 17% од Американците не можат да функционираат без Facebook. Таа им е омилена апликација, а на второ место се најде Instagram so 13%.

Меѓу апликациите без коишто Американците не можат да живеат се и: Gmail (9%), YouTube (8%), Twitter (7%), Chrome (6%), Maps (6%), WhatsApp, Amazon и Messenger (5%).

Фото: Freepik