Поранешниот дизајнер на iPhone сега ќе работи за Airbnb

90

Платформата за изнајмување, Airbnb го ангажира поранешниот главен дизајнер на Apple за да создаде нова генерација на производи и услуги, пишува Гардијан.

Британецот Џони Ајв, кој две децении во Apple го развиваше изгледот на iMac, iPod и iPhone, сега ќе работи за Airbnb.

Ајв го напушти Apple минатата година, а сега ќе биде задолжен за интернет страницата и апликацијата на Aibnb, којашто сега се соочува со потешкотии бидејќи луѓето не патуваат поради пандемијата.

“Ние веруваме не само во правење производи и интерфејс, туку и во создавање услуги и искуства“, вели Брајан Чески, главен извршен директор на Airbnb.

Инаку, Ајв го напушти Apple лани по што ја основаше својата компанија LoveFrom. Првиот негов клиент му беше токму Apple.

Фото: Facebook