Забавен парк во Токио трансформиран во “канцеларија“

47

Поради пандемијата, забавен парк во Јапонија се трансформираше во “канцеларија“ за оние кои работат од далечина.

Паркот Yomiuriland во Токио претстави неколку пакети што им ги нуди на оние кои не сакаат веќе да работат од дома или од канцеларија. Тие вклучуваат работа покрај базен и во кабина на панорамско тркало, опремена за безжичен интернет.

“Сакам да работам надвор, ова е одлична идеја“, вели Тацуки Јамамото, претседател на софтверската компанија FLEQ, кој избрал да работи во забавниот парк.

Една третина од компаниите во Јапонија им нудат можност на своите вработени да работат од дома поради пандемијата.

Поради брзото ширење на коронавирусот, бројни атракции беа затворени и останаа без посетители, па ова е убав начин да се остварат приходи во услови на криза.

Забавниот парк во Токио продава дневен билет што чини 18 долари за работни денови и 19 долари за време на викенди или празници. Во таа цена е вклучено место за работа покрај базен, возење со панорамско тркало и партија голф по завршување на работните обврски.

Фото: Facebook