Сè повеќе “шефици“ во Македонија

132

Од вкупно 31.134 работодавачи во земјава лани, 8.316 или 26,7% се жени, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Овие бројки имаат тренд на пораст, па во 2017-та, жени како работодавачи имало 7.470 или 22,5%, а една година подоцна 7.727 или 23,9%.

За сметка на тоа, 22.818 или 73,3% од работодавачите во земјава лани биле мажи. Посилниот пол доминира и кај вработените за сопствена сметка, па од вкупно 94.751, 78% се мажи, а остатокот од 22% се жени. Од вкупно 320.214 вработени жени во земјава, со статус вработен за сопствена сметка има 20.881 жена.

Единствено жените доминираат во категоријата неплатен семеен работник, каде од вкупно 42.284 лица, 26.122 или 61,8% се жени, а остатокот од 16.162 или 38,2% се мажи.

Жените работодавачи учествуваат со 2,6% во вкупната вработеност во земјава во 2019 година.

Фото: Freepik