Додека некои делови од Србија се “гушат” од големи трговски маркети, во други делови се желни за еден поголем супермаркет, кој со пониски цени би им конкурирал на малите дуќанџии. Токму лошата покриеност со продажна мрежа на големите трговски синџири ја користат помалите продавници, каде цените се и до 40% повисоки.
Просторот каде сеуште не стигнале најголемите прехрамбени снабдувачи го заземале локални трговци, кои имаат свои цени. Дури и во главниот град Белград постојат цели населби “осудени” на пазарење во дуќанчиња, па граѓаните се принудени да одвојуваат многу пари за храна.
Во деловите пак, каде што има големи супермаркети, бројот на малите дуќани опаѓа. Во ваква ситуација трговците се обидуваат со намалување на цените, акции и попусти да привлечат купувачи, па дури нудат и пазарење на “рецка” или на одложено плаќање. Главно, поради се послабата економска моќ на српското население, луѓето почнаа да практикуваат неделни или месечни пазарења “на големо” во најблиските хипермаркети, а во малите дуќани купуваат само најосновни работи.