Почнувајќи од денес тарифните потрошувачи ќе плаќаат поевтина електрична енергија за 4,48%, односно по средна вредност од 4,731 денар за киловат час.
Оваа одлука беше донесена во петокот (28 јуни) од страна на Регулаторната комисија за енергетика, а истата ќе важи до 1 јули идната година.
Првичниот предлог беше цена на струјата да се намали за 5,24% односно средната цена за киловат час електрична енергија да изнесува 4,483 денари, но забелешки на предлогот доставија сите енергетски компании, а најгласна беше ЕВН Македонија.
Како што посочи претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Димитар Петров најголема улога во намалувањето на цената на струјата имаат корекциските фактори на приходи на енергетските компании, а помалку влијаело намалувањето на цената на струјата на светските берзи.
Сепак ЕВН Македонија изрази загриженост од последната одлука на Регулаторната комисија за енергетика потенцирајќи дека големото намалувањето на цената за дистрибуција и снабдување, во комбинација со истовременото зголемување на цената на производството и преносот кај енергетските компании во државна сопственост, сериозно го загрозува работењето на ЕВН Македонија што значително ќе се одрази на ликвидноста на компанијата.