Суспендирана понудата со којашто Џек Ма ќе собереше над 34 милијарди долари

63

Суспендирана е иницијалната јавна понуда на акции на технолошкиот гигант Ant Group. Зад него стои основачот на платформата за електронска трговија, Alibaba, Џек Ма, којшто овој четврток требаше да се собере околу 34,4 милијарди долари, пишува ВВС.

Суспензијата доаѓа од кинеските регулаторни тела, што не дозволија да се случи досега најголемата иницијална јавна понуда досега.

Поради ова, акциите на Ant Group се намалија за 9%, што значи дека за само еден ден изгуби 76 милијарди долари од својата пазарна капитализација.

Од Шангајската берза рекле дека го повикале Ма на дополнителни консултации.

Ant Group требаше да продаде околу 11% од своите акции на берзите во Шангај и Хонгконг, а целата понуда беше проценета на над 31 милијарда долари.

Претходно, рекордот за најголема иницијална јавна понуда го имаше нафтениот гигант Saudi Aramco, којшто успеа да собере 29,4 милијарди долари.

Фото: Twitter