Најстариот семеен бизнис на светот траел 1400 години

132

Јапонското семејство Конго Гуми, својот семеен бизнис успеал да го одржи полни 14 векови. Со изградба на будистички храмови, семејството се занимавало од  578 до 2006 година кога Конго Гуми банкротираше. Во истата 2006 година со помош на одличните преговори семејството Конго Гуми успева по значително примамлива цена да откупи  фабриката Такамацу (најголемата фабрика за текстил во Јапонија). До банкрот дојде поради огромни долгови настанати со непотребно задолжување за време на 70те години.

Бизнисот успеал да се одржи полни 1400 години, бидејќи бил врзан директно со религијата, со тоа што во голема мера помогнал и верскиот систем. Друг принцип, кон кој семејството се придржувало за време на своето работење е флексибилноста, грижата и особеното внимание при изборот на луѓе кои ги ставале на чело на компанијата. Раководството не секогаш преминувало од таткото на најстариот син, туку на оној кој е најздрав, најодговорен и најталентиран за работа.

За нивниот крај се одговорни два фактори. Првиот бил во 1980 година, кога во Јапонија завладеала неодржлива економија, тогаш компанијата позајмила големи средства за да ги вложи во недвижности. Кога дошло до крах и рецесија, во 1992 – 93 година, семејството забележало големи губитоци. По тоа, барањата за изградба на храмови нагло се намалиле, во почетокот на 1998 година. До 2005 година приходите се намалиле за 35%. Конго морал да отпушти голем број вработени и да го намали буџетот. Веќе во 2006 година, долгот на компанијата изнесувал 343 милиони американски долари и враќањето на долговите станало невозможно.